Суспендирани судии кои продолжиле меч 42 минути!

252

Шест судии од боливската Премиер лига се суспендирани после нивната одлука да го продолжат натпреварот меѓу Атлетико Палмафлор и Блуминг 42 минути. Мечот се играше на делумно поплавен терен на стадионот „Мунисипал“ во Куљаколо, а тоа им создаде многу проблеми и на играчите и судиите.

Сепак, немаше наговестување на контроверзност до 82 минута кога Жилберто Алварез зголеми на 2:0 за домашниот тим. Палмафлор веќе ја славеше победата, меѓутоа Блумфилд успеа да постигне гол во последните секунди преку Гастон Родригез Маесо.

Судијата и помошниците го проверуваа голот преку ВАР снимка за евентуален офсајд. По 17-минутна проверка голот е признаен.

Обично четвртиот судија треба да надополни 20 минути при толкав прекин на мечот, меѓутоа судијата покажал 30 минути продолжение!

За време на дополнителното време главниот судија покажал два црвени картони на играчи на Блуминг. Во 114 минуита Синистера ја погоди мрежата за изедначување.

Па поради головите и картоните било додадено уште минути што довело до уште еден погодок, во 132. минута од судиското продолжение за победа на Плафлор.

Сите судии на теренот плус оние од ВАР се суспендирани на неопределено време.

ПретходноЧави инсистира Барса да го задржи Бускетс и следната сезона
СледноШек ги исплаши фановите: Објави слика од болнички кревет (ФОТО)