Екипата на Манчестер Јунајтед е полуфиналист во ФА купот на Англија сезонава, откако вчера на домашен терен со 3:1 го совлада Фулам. Навидум лесната задача за малку не се претвори во хорор, затоа што Фулам водеше со 0:1, се до седумдесеттата минута, а потоа им се случи бродолом на гостите. Два црвени картони за една иста ситуација, на Вилиам односно Митровиќ и пенал кој го реализираше Бруно Фернандеш за потоа по само две минути Забицер да го доведе Јунајтед во водство. Фред ги постави конечните 3:1 во последните моменти од мечот.
„Целта беше таа и среќни сме поради победата. Покажавме одличен карактер. Секогаш кога овој тим излегува на терен, покажува решителност. Фулам е добар тим и моравме да бидеме подготвени за да ги победиме. Имавме добро прво полувреме, имавме добри моменти во нападот и можевме да постигнеме два или три гола. Не сакам да го нагласам овој момент. Направивме одличен контранапад и сите го видоа играњето со рака. Следниот натпревар е многу далеку. Сега играчите одат со своите репрезентации и ние ќе ги правиме нашите анализи периодов. По тоа имаме натпревари против Њукасл, Брендфорд и Евертон “, изјави Тен Хег по победата.