Чави: Анчелоти ме изненади со својата изјава!

1827

Барселона го победи Реал Мадрид со 2-1 во рамките на 21 коло во Ла Лига и направи голем чекор кон титулата. Каталонскиот гигант сега има 12 бодови повеќе од вечниот ривал.

„Клучно беше да не ги губиме топките и да му дозволиме на Реал да прави контра напади. Реал е убиствен во таква игра. За мене првенството не е готово, имаме само 12 бода предност. Имаме одлична сезона во лигата.

Време е да им се даде почит на овие играчи, кои беа доста критикувани во последно време. Роберто…не знам што да кажам за него, во секој друг тим би бил ценет. Тука само го критикуваат. Он е пример за сите и навистина е одлично да се биде негов тренер“, рече Чави после победата.

Реал Мадрид во вториот дел постигна гол кој беше поништен. Асенио беше во оф-сајд. Тренерот Карло Анчелоти изрази сомнеж во таа судиска одлука, а тоа го изненади пак Чави.

„Оф-сајд? Беше, а Анчелоти ме изненади со своите изјави. Повеќе не треба да се расправаме. Резултатот е заслужен и затоа го сакам ВАР. Без него навистина е многу потешко, а со него резултатите се вистински“.

ПретходноПо поразот од Рен, сите играчи останаа на терен освен Меси (ВИДЕО)
СледноМурињо по дербито се судрил со претседателот на Лацио: Кој си ти?