Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, би можел да донесе конечна одлука за својата иднина во клубот за време на репрезентативната пауза овој месец. Бускетс сè уште е важен играч за Каталонците оваа сезона, како искусен лидер во тимот на Чави, па каталонскиот тренер е решен да го задржи на „Камп Ноу“.
Договорот на 34-годишниот фудбалер истекува на крајот од сезоната 2022/23, а интерес за него има од екипи од МЛС лигата. Неговиот агент Хосеп Марија Оробит се шпекулира дека е во преговори со Барселона за продолжување на договорот на 12 месеци.