Актуелниот шампион Работнички славеше во денешното дерби против Јанта Волеј во репризата на ланското финале во домашното првенство. Шампионките тргнаа со два одлични стартни сет, по што Јанта Волеј се врати за 2:1 во третиот сет, но немаше сили за комплетен пресврт.
Со оваа победа Работнички останува лидер на табелата пред екипите на Наковски Волеј и Јанта Волеј кои се и најголеми конкуренти за титулата.
Прва лига (жени), Втора фаза-1, (5.коло)
Наковски волеј – Фит фан волеј 3:0 (25:17, 27:25, 25:22)
Јанта волеј – Работнички Скопје 1:3 (23:25, 20:25, 26:24, 17:25)
Табела: Работнички Скопје 16-3, Наковски волеј 15-4, Јанта волеј 14-5, Фит фанволеј 7-12.
Прва лига (жени), Втора фаза-2, (5.коло)
Струмица жени – Македонија Макс 3:0 (25:17, 25:17, 25:16)
Вардар жени – Вардар ЕМ 3:1 (19:25, 25:17, 25:20, 25:18)
Табела: Вардар жени 10-9, Струмица жени 8-11, Вардар ЕМ 6-13, Македонија Макс 0-19.