Го носи дресот на Челзи, а синоќа ја славеше победата во соблекувалната на Барса!

1114

Барселона на свој терен успеа да го победи Реал Мадрид со 2:1 и се најде на чекор од освојување на титулата во Ла Лига. По мечот Каталонците направија вистинска забава во соблекувалната, а многумина останаа зачудени кога видоа играч кој не е дел од тимот.

По натпреварот беше и Пјер-Емерик Обамејанг, кој ја славеше победата во „Ел Класико“ со останатите фудбалери на каталонскиот гигант. Ваквиот потег сигурно нема да им се допадне на челниците и навивачите на Челзи, чиј член е и тој.

Обамејанг штотуку замина од Барса во Челзи и ја направи грешката во кариерата и веќе се обиде да се врати на „Камп Ноу“ во јануари, но не успеа. Тој е отпишан од лондонскиот клуб и само го чека крајот на сезоната за да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

И покрај ова тој како играч на Челзи не смее да биде во соблекувалната на друг клуб, и да слави победа. Нема да биде изненадување ако сините го казнат поради тоа.

ПретходноАнчелоти не го прифати поразот од Барса: Имаше дискутабилен офсајд!
СледноКалин Ивановски со најдобар ранкинг на АТП-листата!