Дел од фудбалерите на Тотенхем не сакаат да работат со Конте по скандалозниот прес

413

По ремито со Саутемптон 3:3, тренерот на Тотенхем, Антонио Конте јавно го нападна раководството и фудбалерите. Тој смета дека управата премногу ги штити фудбалерите, а тие се себични и не си помагаат еден на друг на теренот. Спорт Италијанецот затоа на тимот не му оди, па ниту еден тренер не успеал да ги врати во колосек и да донесе некој трофеј во Лондон и покрај тоа што секој преоден рок се вложуваат милиони во нови играчи.

По тоа скандалозно интервју дел од фудбалерите побарале од раководството да го сменат Конте. Тие се чувствуваат навредени и не сакаат повеќе да работат под палката на италијанскиот стратег, пренесува „Гардијан“.

Според нив Конте ја преминал границата, па сакаат што поскоро да биде сменет. За време на интернационалната пауза, првиот човек на клубот Даниел Леви ќе одлучи каква казна ќе му изрече на тренерот.

Тотенхем е на четвртото место во Премиер лигата со 49 поени во 28 натпревари. Во 20 годишното владеење на Леви, клубот освои само еден трофеј – во Лига купот во 2008 година.

Титулата ја немаат видено од далечната 1961 година.

 

Конте „грмна“ по управата и играчите: Сега ми е јасно зошто Тотенхем нема освоено трофеј 20 години

ПретходноКоментар на 24.коло:Струга ТЛ по планот, Шкупи “поткашлува“, Шкендија во победничка серија…
СледноСе „кова“ стратегија за победничко отворање на квалификациите (ФОТОГАЛЕРИЈА)