Македонската карате репрезентација од среда ќе биде дел од Европско првенство за сениори во Гвадалахара. Боите на Македонија ќе ги бранат вкупно 15 натпреварувачи, 10 во борби и пет во кати. И во двете конкуренции Македонија ќе има и екипен настап.
Меѓу нашите адути се освојувачот на бронзениот медал од последното ЕП во Турција, Петар Спасеновски и Емил Павлов, кој е носител на четири медали од ЕП, по два златни (2014 и 2018 г.) и бронзени (2016 и 2019).
На ЕП во Гвадалажара ќе се појават 47 земји со преку 550 натпреварувачи.