Рекорд: Нема да верувате колку пари заработи Барселона од билети за „Ел Класико“

5135

Екипата на Барселона и се приближи на титулата во Шпанија по 2:1 над Реал Мадрид во натпревар од 26. коло на шпанскиот шампионат. Шефовите на Каталонците се задоволни не само од успехот, туку и од тоа што повеќе од 95 илјади гледачи на Камп Ноу ја наполнија клупската каса со повеќе од 8,2 милиони евра. Ова е рекордна сума на продажба на билети за домаќините.

Тимот на Чави има 12 бода предност пред Реал.

Доколку Барселона стане шампион, тоа ќе биде прва титула за тимот од сезоната 2018/2019. Реал за тоа време победи двапати, а Атлетико Мадрид еднаш.

ПретходноМарколини го скрати списокот: Малта со 24 фудбалери доаѓа во Скопје
СледноЧави инсистира Барса да го задржи Бускетс и следната сезона