Синоќешниот дуел помеѓу екипите на Интер и Јувентус ќе предизвика многу полемики во деновите кои претстојат. Јуве триумфираше со 0:1, но имаше спорна ситуација при постигнувањето на голот, реагираше ВАР па ја потврди одлуката на теренот.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, бесен на ваквиот развој на настаните имаше полна уста критики по мечот кон арбитрите.
„Чувството е горко и разочарувачко по овој пораз кој се случи на овој начин. Примивме гол кој е неприфатлив во ВАР ерата. Уште понеприфатливо и непочитување е да се слушне како велат дека нема јасни снимки. Огорчени сме“, изјави Инзаги па продолжи.
„Сме играле многу пати против Јуветус , знаевме дека тие ќе бидат опасни при контра напад бидејќи тоа е нивната главна закана. Направивме повеќе грешки од вообичаено, но тука зборуваме за меч кој беше решен по судиска грешка и го забави нашиот напредок. Момците видоа што се случи на теренот, но одиграа многу добро и останаа фокусирани во вториот дел и покрај околностите“, додаде Инзаги.