Нема одмор за хитот на пролетниот дел, тимот на Брегалница. Имено репрезентативната пауза максимално се користи од страна на стратегот Горан Здравков и неговите играчи. Сепак во оваа пауза тимот е некомплетен. Халид Лвалива, стоперот на „сините“ веќе една недела е со репрезентацијата на својата земја, Уганда, а во младинските селекции на Македонија се и Иван Николов, Михаил Димитриевски и Дино Михолов.
Инаку оваа пауза Брегалница ќе ја искористи и за пријателски натпревар, и тоа со Беласица на 25 март (сабота) со почеток од 15 часот во Струмица.
Што се однесува до распоредот, Брегалница има шанса и тоа како да продолжи со успешната серија. На 2 април игра дома со Тиквеш во рамките на 25.коло, а потоа на 9 април исто така дома против Македонија ЃП во меч од 26.коло.