Шок во редовите на селекцијата на Норвешка. Имено и официјално е објавено дека Ерлимг Халанд е повреден и дека нема да може да настапи за својата селекција на квалификациските мечеви со Шпанија (25 март) и Грузија (28) март.
„Тешко му беше на Ерлинг кога сфати дека не ќе може да игра за својата репрезентација. За среќа, во репрезентацијата имаме доволно самодоверба, талент да и без него дојдеме до бодови на овие два меча“ изјави селекторот на Норвешка, Стале Солбакен.
Сепак не се открива колкав период ќе паузира Халанд, и дали таа повреда значи дека тој не ќе може да настапува за Манчестер Сити кој се бори за титулата во ПЛ, а го чека и двомеч во 1/4 финалето во ЛШ против Баерн Минхен.