Напаѓачот од Того, Емануел Аебајор стави крај на професионалната фудбалска кариера на 39 години.
„Мојата кариера како професионален спортист беше неверојатно патување со подеми и падови. Им благодарам на моите фанови што беа таму на секој чекор од патот. Многу сум благодарен за се и инспириран сум од она што следува“, изјави Адебајор.
Адебајор професионалната кариера ја започна во Мец, од каде се пресели во Монако.
Подоцна ги претставуваше клубовите како Арсенал, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Кристал Палас, Истанбул, Кајзериспор и Олимпија Асунсион. Неговиот последен тим беше тогоанскиот Семаси.