Во Премиер-лига се враќа најстариот менаџер во историјата!

274

Рој Хоџсон (75) е нов тренер на Кристал Палас и треба да остане на таа позиција до крајот на сезоната. Хоџсон веќе го водеше овој лондонски клуб во периодот од 2017 до 2021 година, кога го наследи Патрик Виеира. Сега тому тој ќе го замени Виеира, кој немаше ниту една победа во 2023 година – забележа пет нерешени и седум порази.

„Се чувствувам привилегирано што добив покана да се вратам во клуб кој отсекогаш ми значел многу и што ми е дадена важна задача да ја свртам ситуацијата во која се најде тимот. Нашата единствена цел сега е да почнеме да победуваме и да добиваме бодовите потребни за да го обезбедиме нашиот статус во Премиер лигата“, изјави Хоџсон.

Со враќањето на клупата на Кристал Палас, Хоџсон ќе го урне рекордот кој го собори во 2019 година, кога стана најстариот тренер во историјата на Премиер лигата, претекнувајќи го Алекс Фергусон. Палас моментално се наоѓа на 12. место во Премиер лигата, но е само три бода над зоната за испаѓање.

ПретходноПосле 14 години Франција има нов капитен, не е тешко да се погоди неговото име!
СледноШок за Норвешка: Халанд се повреди, ќе мора без него против Шпанија и Грузија!