Елче го доби шестиот тренер сезонава

202

По разделбата со Пабло Мачин, шпанскиот прволигаш Елче го пронајде својот шести тренер оваа сезона. Последнопласираната екипа во Ла Лига до летото 2024 година ќе ја предводи аргентинскиот стручњак Себастијан Бечаечече.
Се работи за непознат тренер кој играч во аматерските лиги во Аргентина, а како тренер почнал во тинејџерските денови и со 23 години му стана асистент на Хорхе Сампаоли.
Тој работел во аргентинските Дефенса и Хустиси, потоа и во Индепендиенте и Расинг, а од септември минатата година останал без работа.
Тој е шестиот тренер на Елче сезонава.
Почна со Франциско, во октомври кормилото го презеде Алберто Гаљего, по него дојде Хорхе Алмирон, па ни тој не издржа, нецели десет дена работеше Серхио Мантекон, а од 17 ноември до 20 март Пабло Мачин.

ПретходноТурчинот Бозкаја најсериозен кандидат за нов тренер на Шкупи
СледноАдебајор ги закачи копачките