Сергеј Милинковиќ – Савиќ веќе осум години е во Лацио. Веројатно во јуни е време за преселба на Србинот кој важи за еден од најдобрите фудбалери во Серија А. Веќе подолго време се шпекулира дека тој е блиску од трансфер во Јуве, потоа Арсенал, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид…но сепак во преден план сега избива Ливерпул.
На Островот се шпекулира дека Јирген Клоп го посакува СМС по секоја цена и дека Ливерпул има намера да испрато понуда вредна цели 50 милиони евра.
Е, сега, дали таа сума е доволна или не, останува да се види посебно ако се знае дека “лацијалите“ за него во минатото бараа 80 па и 100 милиони евра.