Меси тргна на вечера, а како заврши…(ВИДЕО)

1187

Откако пред три месеци ја предводеше Аргентина до светската титула, Лионел Меси буквално не може да ја напушти куќата во својата татковина, беше  опкружен со навивачи. Ова се случи и синоќа во Буенос Аирес.

Меси дојде во главниот град на првиот од двата пријателски натпревари на националниот тим во март. Секако, доаѓањето на херојот на нацијата во земјава на првите мечеви по донесувањето на 36 години очекуваната светска титула ја крена и онака големата хистерија.

Меси се упати на вечера, се трудеше да биде незабележлив. Но, случајните минувачи на улица го препознаа, па настана хаос. Стотици навивачи ги блокираа улиците пред ресторанот. Навивачите на Меси чекаа два часа пеејќи и скандирајќи го неговото име.

 

ПретходноОд Битола пред дербито со Вардар 1961 најавија: Спремни за инвазија!
СледноФлекс Кредит се стекна со признанието најголем корпоративен донатор за 2022 година во СОС ДЕТСКО СЕЛО!