МЗТ Скопје останува комотен и натаму во домашниот шампионат, а тука нова жртва беше тимот на Чаир. Актуелниот македонски првак славеше со убедливи 79-113 во последниот меч од 18 коло во Првата лига.
Мицовиќ со 24 поени беше прв стрелец, зад него беше Кук со 16 поени. Кај пиразениот тим Роби и Мохамед имаа по 16 коша.
За избраниците на Драган Николиќ ива беше 16 победа сезонава, со скор од уште два порази останува на врвот на табелата.
Мечот МЗТ Скопје го реши во првото полувреме, поведе со 37-52. По одморот само потврди дека оваа средба ќе ја заврши во своја корист, третата четвртина ја доби со 22-34. До крајот беше само чиста рутина за првакот, на другата страна домаќинот беше немоќен.