Мирослав Клозе издржа девет месеци на првата тренерска работа

304

Рекордерот по голови на Мундијалите – Германецот Мирослав Клозе доби отказ од тренерската позиција во австрискиот клуб Алтах. Клозе го водеше скромниот тим од Форалберг девет месеци, но не можеше да го издигне погоре од 12. место на табелата. Минатата година Алтах опстана во лигата откако заврши на претпоследната 11 позиција.
„Мирослав Клозе даде се од себе. Беше убаво искуство да го имаме како тренер, но пред се како човек во Алтах. Бевме принудени на ваков чекор затоа што многу важно за нас е Алтах да остане во елитата на австрискиот фудбал“, изјави директорот на клубот Кристоф Лангле.
Последниот меч на Алтах беше 1:1 со лидерот Салцбург, меѓутоа претходните порази не му овозможија тимот да забележи посериозен пласман. Алтах има 17 поени на дното, еден помалку од погорните тимови Рид и Хартберг.
Инаку за Клозе ова е прва посериозна тренерска работа. Претходно беше асистент во Баерн Минхен и тренер на У17 тимот на „Баварците“.

Нов тренер на Алтах ќе биде Клаус Шмит, кој се враќа во клубот откако работеше во сезоната 2017/18. Тој е поранешен тренер на Матерзбург, Адмира и Хартберг.

ПретходноМЗТ Скопје лесно низ Чаир!
СледноВардар и Е. Пелистер со заедничко соопштение: Да победи спортот, да победи ракометот!