Навратилова објави дека го победи ракот на дојка и грлото

179

Поранешната тениска шампионка Мартина Навратилова, во интервју за „ТалкТВ“ изјави дека лекарите и кажале „дека го победила ракот на дојката и грлото“.

60-годишната Навратилова, членка на Меѓународната тениска куќа на славните, зборуваше за своето здравје во интервју со Пирс Моргано на „ТалкТв“ што треба да се емитува денеска. Навратилова во јануари изјави дека има рак на грлото и на дојката и дека ќе започне со лекување.

За време на интервјуто Навратилова рече дека кога и бил дијагностициран канцерот, била во „тотална паника три дена“, мислејќи дека „можеби нема да го види Божиќ“ и направила список на работи што сака да ги направи.

Навратилова во кариерата освои 59 грен слем титули, од кои 31 во женски двојки и 10 во мешани двојки.

ПретходноПСЖ го „краде“ Осимен: Луис Кампос договорил состанок со агентот на Нигериецот
СледноНе заигра во Премиерлигата, па во јуни си оди од Ливерпул