Артур Мело го напушта Ливерпул на крајот на сезоната, потврди неговиот агент.
Бразилецот во последниот ден од зимскиот преоден рок пристигна на позајмица од Јувентус, а Ливерпул доби право да го откупи за 35 милиони евра. На сите одамна им е јасно дека тоа нема да се случи, а денеска тоа лично го потврди и неговиот агент.
Засега се уште е нејасно каде Артур ќе игра по враќањето во Јувентус, кој исто така не смета на него. Она што е особено интересно е што Артур се уште не дебитирал во Премиер лигата, додека во другите натпреварувања има запишано вкупно 256 минути.