Тренерот на Партизан, Жељко Обеадовиќ уште еднаш испрати апел до навивачите на „црно-белите“ да не ги навредуваат противниците и да ги почитуваат актерите на теренот.
„Никогаш немам кажано лоши зборови за никого, секогаш апелирам да се почитуваат актиерите, да нема навреди и прозивање на натпреварите. Луѓето треба да уживаат во она што е најважно, а тоа е кошаркарскиот меч. Кога ќе го сторат тоа тогаш нема да има проблеми“, рече Обрадовиќ.
Тој потсети дека истиот апел го испрати и пред речиси две години кога се врати во клубот.
„Секогаш ќе реагирам на неспортски потези. Навивачите на Партизан се посебни по тоа што навистина ја разбираат кошаркарката, но треба да сфатат дека една од најважните работи е да го почитуваат противникот, сите луѓе кои доше во сала. Мора да навиваат без да фрлаат предмети.
За првпат оваа сезона моравме да донесеме одлука секој кој ќе направи непристоен гест кон судијата да има забрана да влезе во сала. Постојат граници, на никого од навивачите не му е местото на терен“.