Каков потег на УЕФА и првиот човек на на Европската куќа на фудбалот, Александер Чеферин. Имено одлучено е полуфиналето од младинската лига на Шампиони меѓу Хајдук и Милан, место во Нион да се игра во Женева. Велиме одличен потег ако се знае дека стадионот во Нион прима само 2.500 фанови, а оној во Женева дури 30.000 гледачи. Се најавува инвазија од Хрватска, од Сплит и од цела Европа кон Швајцарија за да им се даде поддршка на младите херои на Хајдук, кои за да дојдат до овој меч, мораа да ги совладаат Манчестер Сити дома и Борусија Дортмунд на гости.
Оваа вест ги воодушеви сите фанови а Хајдук, а се очекува најмалку 15.000 гледачи во Женева да ги бодрат младите хајдуковци на овој меч кој се игра во април.