Од Битола пред дербито со Вардар 1961 најавија: Спремни за инвазија!

1312

Првото големо ракометно дерби оваа сезона меѓу Вардар 1961 и Пелистер ќе се одигра во неделата во СЦ „Јане Сандански“. Двата тима имаат четири победи во низа во плеј-офот, па победа ќе значи чекор напред кон посакуваната цел – титулата.

„Црвено-црните“ се бранители на тронот, минатата сезона ги добија двете главни битки против најголемиот конкурент за титулите. На другата страна битолчани пред најважниот дел направија промени во стручниот штаб со надеж дека истите ќе бидат доволни за да се донесе пехарот во својот град.

Навивачите на Пелистер вчера испратија порака, планираат во голем број да дојдат во Скопје.

ПретходноЧикаго го „преживеа“ Ембид, по две продолженија ја сопре Филаделфија (ВИДЕО)
СледноМеси тргна на вечера, а како заврши…(ВИДЕО)