Иако се најавуваше со денови наназад, сепак од денеска е и официјално. Аргентинецот Хорхе Сампаоли не е веќе тренер на Севилја. Имено тој денеска, како што официјално потврди клуб од Андалузија, доби отказ и тоа по шест месеци на клупата на Севилја.
Очигледно беше дека Сампаоли не се снајде најдобро во овој клуб, резултатите беа лоши, далеку од реномето на клубот па затоа дојде и од разделба меѓу него и Севилја.
Како што се најавува, нов тренер ќе биде Хозе Луис Мендилибар.