После 14 години Франција има нов капитен, не е тешко да се погоди неговото име!

330

Франциската фудбалска репрезентација во иднина ќе има нов капитен. Ако им се верува на тамошните медиуми, лидер ќе биде и најдобриот фудбалер на оваа земја, Килијан Мбапе.

24-годишниот напаѓач капитенската лента ја наследи од Иго Љорис, кој се повлече од репрезентацијата. Тој цели 14 години, од 2008 до 2022 година, беше капитен на „триколорите“.

Предводникот на Франција, Дешам му даде предност на Мбапа пред Антоан Гризман. Фудбалерот на ПСЖ сега е најдмладиот капитен во фудбалската историја. Негов заменик ќе биде токму Гризман, кој до сега има 117 натпревари и постигна 42 гола за својата земја.

ПретходноФлекс Кредит се стекна со признанието најголем корпоративен донатор за 2022 година во СОС ДЕТСКО СЕЛО!
СледноВо Премиер-лига се враќа најстариот менаџер во историјата!