ПСЖ го „краде“ Осимен: Луис Кампос договорил состанок со агентот на Нигериецот

384

Фрацуските медиуми денеска најавија дека спортскиот консултант на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, договорил средба со агентот на напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен за време на претстојната репрезентативна пауза.

Нигерискиот интернационалец ужива во најдобрата сезона во кариерата. Тој оваа сезона постигна 25 гола и забележа пет асистенции за тимот од Серија А на само 29 натпревари. Таа форма го привлече вниманието на многу клубови од европската елита, а со тоа што неговиот договор истекува во 2025 година, тој ќе биде еден од најбараните напаѓачи во светскиот фудбал ова лето.

Иако постои можност Осимен да остане во Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани да го донесат во своите редови. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, наводно бара сума од 150 милиони евра за играчот за кој плати 80 милиони евра при неговиот трансферод Лил во Наполи пред три години.

ПретходноАдебајор ги закачи копачките
СледноНавратилова објави дека го победи ракот на дојка и грлото