Скандал: Гризман го напуштил состанокот по одлуката Мбапе да биде капитен, размислува да не игра веќе за Франција!

1236

Проблеми и тоа какви во таборот на светскиот вицешампион. Имено вчера откако репрезентативците се собрале во пресрет на стартот на квалификациите, селекторот Дидие Дешамп на состанокот им соопштил дека нов капитен ќе биде Килијан Мбапе, својата одлука ја образложил. Инаку ова доаѓа откако Уго Лорис одлучи да се пензионира од репрезентацијата.

Одлуката на Дешамп не му се допаднала на Антоан Гризман, кој иако бил заменик капитен, и веднаш гневно го напуштил состанокот. Имено познато е дека тој сметал дека тој треба да биде капитен со оглед на годините и со оглед на се што дал за Франција на фудбалски план.

Како што се шекулира, скандалот со напуштањето на состанокот просто ги шокирал останатите од репрезентацијата кои не веруваме дека Гризман е толку лут.

Ова значи дека набргу, веројатно и по завршување на мартовскиот циклус, Гризман ќе објави дека тој веќе нема да игра селекцијата на Франција.

ПретходноПознато е што правеше Обамејанг во соблекувалната на Барселона!
СледноШкупи со „шут – карта“ за Седлоски!!!