Гокхан Бозкаја ќе биде најверојатното тренерско решение на испразнетото место во редовите на шампионот Шкупи. Човекот кој работеше како тренер на младинците на Фенербахче и беше спортски директор на чаирскиот состав, највeројатно ќе го наследи Гоце Седлоски.
Седлоски денеска по вторпат ја заврши соработката со чаирчани оваа сезона. Инаку турскиот стратег Бозкаја оваа сезона беше дел од турскиот тим Јени Малатијаспор, каде работеше како асистент на главниот тренер.