Шокантно: “Цибона за 800.000 евра и го продаде местото во Евролигата на Ц. Звезда!“

1509

А кој вели дека Хрватите и Србите се мразат? Не, напротив, кога имаат корист и тоа како соработуваат, посебно кога станува збор за криминал, односно за нечесни дејанија во спортот.

Фрањо Араповиќ, кошаркарската легенда на Цибона, на Хрватска и екс – СФРЈ, неодамна изјави нешто што навистина се граничи со невозможно, но дали?

Тоа беше во 2014 година кога во Белград се играше завршницата од Ф4 во АБА лигата. Цибона прво ја победи Ц. Звезда во полуфиналето, за да во финалето славеше и против Цедевита. Тоа беше голема сензација. На тие мечеви играше и мојот син Марко. И кога сите мислевме дека Цибона ќе игра во Евролигата, сепак тоа не се случи, играше Ц. Звезда која за 800.000 евра го “купи“ местото во елитната лига, поточно Цибона и го продаде своето место. Подоцна и самиот Човиќ призна дека дадени се тие пари и дека тие се помалку од 1.2000.000 евра колку што бара УЛЕБ за играње во Евролигата. Ете тоа е вистината за настаните од 2014 година“ потенцираше Фрањо Араповиќ.

ПретходноОфицијално: Севилја се раздели со Сампаоли! (ФОТО)
СледноОдличен потег: Чеферин и УЕФА ги воодушевија фановите на Хајдук во пресрет на 1/2 финалето во младинската ЛШ!