Манчестер Јунајтед е пред продажба. Славниот клуб веројатно ќе има нови газди или газда, само прашање е со колкава сума на пари ќе се задоволат браќата Глејзери кои бараат најмалку 6 милијарди фунти.
Досега имаше две понуди, првата од емирот од Катар, Ал Тани, а втората е од британскиот милијарде сер Џим Ратклиф, кој е познат како голем фан на Јунајтед.
Сепак се чини дека и двете понуди ни приближно не се до онаа која ја бараат сегашните газди на клубот.
Сега се очекуваат вторите понуди и на Катарците и на Ратклиф кој јавно излезе и со изјава:
„Она што не сакам да го направам е да платам глупава, неразумна цена за што после би се каел. Знам што е Јунајтед, па затоа мојата понуда според мене е релевантна“ рече покрај другото британскиот милијардер.
Sir Jim Ratcliffe does not want to pay a "stupid price" for Manchester United 🔴🏟️ pic.twitter.com/PdUFPbdK8A
— Football Daily (@footballdaily) March 21, 2023