За инает на Јувентус: Наполи има план на 23 април на стадионот на Јуве да ја прослави титулата!

990

Наполи оваа сезона игра фантастичен фудбал. Тимот за кој настапува и нашиот Елиф Елмас јасно е дека ќе биде шампион на Италија, но сега се прават калкулации кога ќе биде тоа, односно кога ќе се официјализира титулата.

Имено никогаш во историјата на Серија А некој клуб не го освоил Скудетото пред последните пет кола. А Наполи има шанса тоа да го стори на шест па и на седум кола до крајот.

Сепак, фановите на Наполи посакуваат тоа да се случи на 23 април кога Елмас и компанија му гостуваат на Јувентус на „Алијанц Арената“ во Торино, и тука за инает на Јуве да стават печат на третата титула во клупската историја.

Се знае со каков анимозитет наполитанците го гледаат Јувентус, па ова за нив ќе биде двојна радост.

ПретходноОдличен потег: Чеферин и УЕФА ги воодушевија фановите на Хајдук во пресрет на 1/2 финалето во младинската ЛШ!
СледноШкупи ја потврди разделбата: Ти благодариме Гоце!