Потврдени двојките за Ф4 турнирот од одбојкарскиот куп на Македонија

126

Одбојкарската федерација на Македонија денеска ги потврди двојките за финалниот турнир од Купот на Македонија за 2023 година. Завршниот Ф4 турнир ќе се одржи во Радовиш со учество на полуфиналистите во машка и во женска конкуренција.

Осум екипи, по две во машка и во женска конкуренција, од четврток до сабота ќе се надигруваат за пехарот во купот во салата „25-ти Мај“, а сите шест натпревари ќе бидат емитувани со преноси на третиот канал на Македонската телевизија.

Тридневната програма ќе почне со полуфиналните пресметки кај одбојкарите.

Бранителот на ланскиот пехар, тимот на Струмица Никоб, ќе игра против Универизтет во Тетово, додека велешки ГОК Борец ќе се обиде да ја изненади Шкендија на патот до големото финале.

В петок во женските полуфинални пресметки, Работнички против Јанта Волеј ќе почне во обидот да го одбрани трофејот освоен лани во Кавадарци, додека Наковски волеј како фаворит го чека дуелот со Вардар жени. Финалните натпревари се предвидени за в сабота.

Полуфинале (мажи), четврток

Струмица Никоб – Универзитет во Тетово (17.30, МРТ-3)

ГОК Борец – Шкендија (20.00, МРТ-3)***

Финале (мажи), сабота, 13.00, МРТ-3

Полуфинале (жени), петок

Јанта волеј – Работнички Скопје (17.30, МРТ-3)

Вардар жени – Наковски волеј  (20.00, МРТ-3)

Финале (жени), сабота, 16.00, МРТ-3

ПретходноВардар и Е. Пелистер со заедничко соопштение: Да победи спортот, да победи ракометот!
СледноТурчинот Бозкаја најсериозен кандидат за нов тренер на Шкупи