Украинскиот национален тим на 26 март ќе го одигра првиот меч од квалификациите за ЕУРО 2024 година. Украина заедно со Англија се во групата во која е и Македонија. За претстојниот меч привремениот селектор Руслан Ротан повика пет дебитанти.
Од поискусните тука се Микола Матвијенко, Олександр Каравајев, Витали Миколенко, капитенот Андреј Јармоленко, потоа Јевген Конопљанка, Степаненко, Јаремчук…
За првпат во тимот се Артем Бондаренко од Шахтјор, дефанзивците на Дњипро, Олександр Сваток и Едуард Сарапиј, како и на Олександрија Денис Мирошниченко. Третиот голман е Микита Шевченко од Олександрија.
Од сите повикани играчи 15 се од украинското првенство.
Мирошниченко ќе дебитира за најсилниот тим на Украина на 28 години. Тој е поранешен играч на Кривбас, а од 2019 година игра за Олександрија.
„Ме изненади селекторот. Се враќав дома од последниот меч за тимот кога телефонот ми заѕвони. Селекторот ми вели да се појавам во тренинг кампот. Ме праша дали сум спремен да играм на Вембли. Зборувавме малку и ми кажа што очекува од мене. Изненаден сум и преплавен со емоции. Малку имам трема, сепак, ми е прв настап. Од друга страна ова е исполнување на сонот“, изјави Мирошниченко.