Шкупи ја потврди разделбата: Ти благодариме Гоце!

1002

Она што “Спортмедиа“ ексклузивно го објави во текот на денот, пред половина час го потврди и самиот клуб. Имено од денеска и официјално Гоце Седлоски не е веќе тренер на Шкупи, тој доби отказ.

May be an image of 1 person, standing and grass

Во соопштението на Шкупи по тој повод покрај другото стои:

Денеска ја прекинавме соработката со нашиот тренер, кој по 20 години го направи нашиот тим шампион и му даде на нашиот клуб многу добри работи и успешни достигнувања. По средбата што ја имавме со тренерот Гоце, решивме „за момент да се разделиме“. Оваа разделба дојде по меѓусебен договор со нашиот тренер, кој смета дека на клубот му е потребна „нова крв“ и таквата трансформација ќе биде покорисна за тимот.

Веруваме дека нашите патишта ќе можат повторно да се спојат во друг момент и време. Му благодариме на Седлоски за сите убави моменти што ги направи за Шкупи во две години“

ПретходноЗа инает на Јувентус: Наполи има план на 23 април на стадионот на Јуве да ја прослави титулата!
СледноУ-16: Македонија по пенал-серијата подобра од Гибралтар!