Им „пукна филмот“ на играчите на Вардар: Цобе да го остави клубот или да го даде на некој што знае да го води

4680

Во екот на ВМФЛ сезоната и кога ФК Вардар со добрите игри и резултати особено во пролетниов дел е лидер на табелата, доаѓа соопштението на играчите на клубот кои денеска отворено, преку писмено соопштение до медиумите решија да се обратат на јавноста.

Имено, истата добро е запознаена околу моменталната финансиска но и организациска ситуација на клубот, па ова соопштение со кое играчите јасно ставаат до знаење што се случува и не е многу за изненадување. Едноставно, им „пукна фулмот“. Директно го обвинуваат сопственикот на ФК Вардар, Слободан Крстевски Цобе, за финансискиот и организациски крах на клубот. Истиот со месеци ниту се појавил пред нив, ниту во клубот има дадено некоја јасна информација што и како планира понатаму.

Соопштението на играчите на ФК Вардар ви го пренесуваме во целост.

Соочувајќи се со веројатно најтешките моменти во историјата на клубот, ние играчите на ФК Вардар сакаме да ја известиме и да и ги доближиме на јавноста сите моменти кои ги преживуваме периодов, истовремено константно замајувани и залажувани со разни ветувања од кои ниту едно не е исполнето и покрај нашето професионално залагање на теренот каде со вонсериски напори достојно го презентираме името на најголемиот спортски бренд во Македонија. Сакаме да известиме дека ние играчите, стручниот штаб, спортскиот директор Александар Бајевски, персоналот на клубот и навивачката група Комити сме буквално оставени самите на себе да ја биеме битката за враќање на Вардар во првата лига. Од основни работи како закуп на стадион за натпревари кој ги покрива навивачката група, ручек пред натпревари кои ги обезбедуваме благодарение на пријатели сопстевеници на ресторани, самостојно собирање сопствени средства за закуп на автобуси за гостувања, перење на опремата, преку пријатели обезбедување опрема за тренинг и води за нормално функционирање и одржување на истиот. Со лични заложби на еден играч е обезбеден и теренот за тренинг во населбата Кадино. Хируршката интервенција капитенот Дарко Мицевски ја плати од сопствени средства, додека голем дел од играчите немаат земено плата дури и по 10-12 месеци со што се донесени речиси на работ на егзистенцијата. Ние играчите на ФК Вардар бараме сопственикот на клубот Слободан Крстевски доколку не е способен да го води клубот и навреме да ги исполнува договорените обврски, да го напушти и да го препушти раководењето на друг. Тажно е што мораме на овој начин да реагираме и да ја известиме јавноста со што се соочуваме додека истовремено ја водиме можеби и најважната битка во историјата на клубот. Со надеж и верба дека ќе проработи разумот и веднаш ќе се најде решение со кое несметано би продолжиле достојно и успешно да го презентираме Вардар, бренд кој тежи 12 шампионски титули и единствен учесник од државата во групната фаза на европските

натпреварувања. Играчи на ФК Вардар

ПретходноДробаров во тимот на колото во Бугарија
СледноОзил рече доста е