Малтежаните тренираа на Арената, последниот пат тука примија “петка“! (ФОТО)

180

Веднаш по пресот на селекторот Микеле Марколини, на кој тој ги кажа амбициите и шансите на својата репрезентација пред утрешниот дуел со Македонија, следуваше и оној вообичаен тренинг на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, каде утре со почеток од 20:45 часот ќе се одигра првиот меч од квалификациската група -Ц за ЕВРО 2024.

Се разбира дека Арената на селекцијата на Малта не буди некои пријатни сеќавања, пред се за она што се случи на 21 август 2002 година кога Македонија славеше со 5:0. Стрелци на тие голови беа Стојковм, Шаќири два, Христов и Пандев.

Од друга страна сепак треба да се биде реален и да се каже дека оваа Малта е некоја нова Малта, се разбира дека нема во овој состав играч(и) кои играа на таа средба пред 21 години и кога примија “петка“.

May be an image of 5 people and people standing

May be an image of 5 people

May be an image of 5 people, people playing sports and outdoors

ПретходноСе огласи Цобе: Помагајте или Вардар ќе го нема!
СледноТрансфермаркт: Дијамантот на Македонија и Наполи вреди 26 милиони евра!