Само во Србија: Дошол од БиХ да биде тренер во Нови Пазар и веднаш си побегнал!

1887

И тоа го има на Балканот, односно во Србија и тоа во елитната Суперлига кај нашиот северен сосед. Имено станува збор за познатиот стратег од БиХ, Феѓа Дудиќ, кој досега има работено како тренер во Сараево, Вележ и други клубови во својата земја.

Тој бил договорен, тргнал за Србија со уште неколку свои пријатели на пат кон Нови Пазар. Требало денеска да биде и промовиран и да го одработи првиот тренинг.

Самиот истакнал дека кога ја видел атмосферата во клубот, навивачите го нападнале капитенот, а еден од главните на клубот Расим Љајиќ поради тоа си заминал од Нови Пазар, на Босанецот му “светнало“ дека тој бадијала патувал од БиХ и затоа си се вратил дома.

Едноставно си побегнал.

ПретходноДрама во Плоцк без победник
СледноСпецијално видео-интервју со Адеми: Се надевам дека еден ден ќе бидам тренер на Динамо! (ВИДЕО)