Пол Џорџ тешко го повреди коленото на десната нога на натпреварот меѓу неговиот Лос Анџелес Клиперс и Оклахома Сити Тандер. На пет и пол минути пред крајот на натпреварот тој остана да лежи на подот држејќи се за повредената нога, а потоа со помош на персоналот на двата тима беше однесен во соблекувалната.
Засега нема официјални информации за тежината на повредата, но некои американски медиуми пишуваат дека сезоната за Џорџ е завршена.
Ако тоа се покаже како точна информација, тогаш со оваа повреда на Џорџ завршува и сонот на Клиперс за битка за титула оваа сезона.
Оваа сезона Пол Џорџ со просек од 23,9 поени, 6,1 скока и 5,1 асистенции по натпревар беше најдобриот кошаркар на Клиперс.