И натаму не е познато во кој клуб Лионел Меси ќе игра следната сезона. Угледните медиуми еден ден најавуват нов договор со ПСЖ, еден ден го селат во МЛС, друг ден го враќаат во Барселона во која стана најдобар фудбалер во светот.
Од каталонскиот гигант си замина како слободен играч. Кон крајот на оваа сезона челновите на Барса јавно го повикаа Меси да се врати назад. Сега тоа го стори Жорди Алба.
„Сакам да се врати, но не знам дали ќе го стори тоа. Има договор со ПСЖ и за тоа не разговаравме. Се надевам дека ќе се врати, тоа ќе биде одлична работа и за клубот и за него“, рече Алба, кој се потсети на денот кога Меси ја напушти Барселона.
„Ми беше тешко. Разговаравме само на денот кога кажа дека ќе се оди и ми рече дека оди да потпише договор. Не можев да поверувам кога ја видов таа вест. Две минути не знаев за себе“.