Бостон не го дава второто место на Истокот (ВИДЕО)

57

Кошаркарите на Бостон го победија Сакраменто со 132:109 во можеби најинтересниот меч од синоќешната понуда во НБА лигата. Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси со 36 поени, осум скока, четири асистенции и две украдени топки. Џејлен Браун додаде 27 поени со пет скока и четири асистенции, Дерик Вајт 20 поени и 12 асистенции, а Маркус Смарт 17 поени и седум асистенции.

Сакраменто го доживеа вториот последователен пораз, а Дирон Фокс беше најефикасен во тимот со 18 поени. Бостон е втор на Истокот и веќе обезбеди место во плеј-офот.

Кошаркарите на Атланта славеа над Детроит со 129:107 и му го нанесоа четвртиот последователен пораз. Треј Јанг со 30 поени и 12 асистенции и српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ со 18 поени и три асистенции беа лидери во победничкиот тим.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Вашингтон 122-112

Атланта – Детроит 129-107

Бруклин – Кливленд 109-115

Њу Орлеанс – Сан Антонио 119-84

Сакраменто – Бостон 109-132

ЛА Клиперс – Оклахома 100-101

ПретходноДе Бруин е новиот капитен на репрезентацијата на Белгија
СледноБабунски: Денешното дерби со Воска за Пелистер е екстра значајно!