Интересен старт на осминафиналето во ракометната Лига на шампиони. Ова особено се однесува на унгарското дерби меѓу Пик Сегед и Веспрем.
Гостинскиот состав одигра прво полувреме за паметење, водеше со неверојатни 7-20 против Пик Сегед. На крајот Веспрем славеше со убедливи 23-36 и веќе на големо гледа кин 1/4 финалето.
Маргуч со 11 гола беше прв стрелец кај победникор, на другата страна Радивојевиќ имаше 6 погодоци.
На втората средба Динамо Букурешт не успеа да приреди изненадување против Кил. Бундеслигашот на реваншот ќе има предност од 13 гола 28-41,довилна за заверка на четвртфинале.
И на овој дуел се беше решено после 30 минути игра (11-19).
Сагосен, Јохансон и Зарабец со по шест гола беа најефикасни кај Кил, додека кај Динамо Букурешт, Кудуз и Кашпарек имаа по шест погодоци.