Кевин Де Бруин е новиот капитен на белгиската репрезентација. Белгискиот фудбалски сојуз синоќа ја потврди одлуката на селекторот.
31-годишниот Де Бруин е нов капитен, откако поранешниот капитен Еден Азар ја заврши репрезентативната кариера по завршувањето на Светското првенство во Катар.
Белгискиот фудбалски сојуз информира и дека голманот Тибо Куртоа и напаѓачот Ромелу Лукаку се новите заменици капитени во националниот тим.
Белгија ги започнува квалификациите за Европското првенство во петок со меч против Шведска на „Френдс арената“ во Стокхолм.