Тимот на Ливерпул е во преговори со спортскиот директор на Монако, Пол Мичел, со надеж дека англичанецот да ја преземе истата позиција на „Енфилд“. Мичел има многу сериозна репутација во европскиот фудбал. Работеше во Саутемптон, Тотенхем и РБ Лајпциг пред да се пресели во Монте Карло. Тој планира да го напушти Кнежевството по завршувањето на сезоната во потрага по уште попрестижна работа.