На навивач на Мајорка му е одземено членството на три години откако било потврдено дека на расна основа го навредил Винисиус Жуниор, фудбалерот на Реал Мадрид, како и Самуел Чуквезе на Виљареал.
Шпанската комисија за борба против насилството и расизмот веќе предложи казна за овој навивач. Истата гласи 4.000 евра и еднагодишна забрана за пристап на стадионите. Во последно време бразилскиот фудбалер на Реал е во епицентарот на расистички напади. Ваљадолид казни веќе 12 навивачи со одеземање на сезонските билети.
Инаку се уште се трага по навивачите на Атлетико кои пред градското дерби против Реал закачија кукла со ликот на Винисиус на еден од мостовите во Мадрид.