Милош Савовиќ од Црна Гора ќе ни биде судија со Фарски Острови

124

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток од 20:45 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ги старува квалификациите за следниот ЕВРО шампионат против репрезентацијата на Малта. За нас многу важен дуел кој ќе ни даде насока како ќе се одвива за нас оваа кампања.

Се надеваме на успешен старт, а потоа, в понеделник со победа в џеп да ја пречекаме селекцијата на Фарски Острови на пријателски дуел. Мечот исто така се игра на Арената Тодор Проески но од 18:00 часот, а за тој дуел обезбедени се судии од Црна Гора.
Главен ќе биде Милош Савовиќ. Ќе му помагаат Никола Радуловиќ и Александар Џикановиќ, додека пак четврти судија ќе ниде нашиот Стојанче Трпчевски.

 

ПретходноПознати организаторите на БП: Кадетите во Албанија, кадетките ќе играат во Србија
СледноДробаров во тимот на колото во Бугарија