Специјално видео-интервју со Адеми: Се надевам дека еден ден ќе бидам тренер на Динамо! (ВИДЕО)

375

Онака како што му доликува на еден голем клуб, а Динамо Загреб е најголем на овие простори, со стил се прости од својата играчка легенда, икона на клубот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Популарниот Аки по 13 години во редовите на “модрите“ се сели во Кина, во тимот на Пекинг Гуан, каде што веднаш по утрешниот меч меѓу Македонија и Малта, тој ќе лета на далечниот исток каде треба да биде промовиран.

Па така денеска НК Динамо со специјално видео се прости од својот Адеми, во траење од околу еден час, во тој говори за сите прекрасни моменти во Динамо, но и за оние лоши, поврзани со допингот.

Тоа беше голем шок за мене. Тогаш бев со репрезентацијата на Македонија. Селекторот ме повика и ми ги кажа тие навистина ужасни вести за мене. Најтежок период за мене во живото кога морав да се борам за да ја докажам мојата вистина. Паузирав две години а се вратив на мечот Македонија – Лихтенштајн кога бев и стрелец. Се чутсвував одлично во тие моменти“ посочи Адеми.

Инаку тој за Динамо кажа дека ова е само довидување а не и збогум:
“Се надевам дека еден ден ќе бидам тренер на Динамо и дека ќе освојам европски трофеј“ рече покрај другото Адеми во големото видео – интервју кое можете да го погледнете подолу.

ПретходноСамо во Србија: Дошол од БиХ да биде тренер во Нови Пазар и веднаш си побегнал!
СледноИсторијат: Македонија има супер биланс со Малта!