Хозе Марија Енрикез Негреира 17 години ги користел парите што ги добивал од Барселона за да им подарува на судиите разни луксузни подароци. Весникот „Ел Мундо“ ексклузивно ја откри бескрајната листа на подароци што компанијата „Даснил“, во сопственост на поранешниот шпанските арбитар, ги евидентирала како репрезентативни трошоци.
Информациите откриваат дека најголемиот дел од овие операции кои не се даночат според правилата на шпанските даночни власти биле подароци упатени до судиите од Ла Лига. Документацијата на Министерството за финансии до која има пристап „Ел Мундо“ открива дека Негреира преку своја фирма набавувал 1.500 персонализирани црвени и жолти картони со имиња на судиите на кои им биле подарувани или стотици монети и други предмети како шунка, билети за фудбалски натпревари, лопатки на плажа, чадори и торби за плажа. Во листата на репрезентативни подароци наменети за шпанските судии, Негреира набавувал и тостери, ќебиња, панталони или пенкала со ласер. Фактурите откриваат дека Негреира ја искористил и можноста да ги носи судиите да јадат во познати ресторани за морска храна во Мадрид и Барселона, каде што плаќал фактури 2000 евра по оброк.