Тешка повреда на Пол Џорџ, дали за него заврши сезоната?

212

Пол Џорџ тешко го повреди коленото на десната нога на натпреварот меѓу неговиот Лос Анџелес Клиперс и Оклахома Сити Тандер. На пет и пол минути пред крајот на натпреварот тој остана да лежи на подот држејќи се за повредената нога, а потоа со помош на персоналот на двата тима беше однесен во соблекувалната.

Засега нема официјални информации за тежината на повредата, но некои американски медиуми пишуваат дека сезоната за Џорџ е завршена.

Ако тоа се покаже како точна информација, тогаш со оваа повреда на Џорџ завршува и сонот на Клиперс за битка за титула оваа сезона.

Оваа сезона Пол Џорџ со просек од 23,9 поени, 6,1 скока и 5,1 асистенции по натпревар беше најдобриот кошаркар на Клиперс.

ПретходноПатот до Германија: Сè што треба да знаете за квалификациите за Евро 2024
СледноПознати организаторите на БП: Кадетите во Албанија, кадетките ќе играат во Србија