Елиф Елмас, нашиот Дијамант и еден од најдобрите фудбалери на Наполи, од вчера на “Трансфермаркт“ листата вреди 26 милиони евра. Елмас и претходно со тие 22 или 24 милиони евра беше најскап во историјата на мак – фудбалот, а сега по блескавите игри на Наполи оваа сезона, за кои и нашиот репрезентативец секако дека има заслуги, само го поправи рекордот.
На второ место, кога е во прашање табелата на најскапите наши играчи во историјата, е Енис Барди со 20 милиони евра (јули 2020 година) а трет е неодамна пензионираниот Горан Пандев со 18 милиони евра (јули 2008 година).
Се разбира дека ако се знае со каков потенцијал располага Дијамантот и со каква глад игра фудбал, можеме да претпоставиме дека тие 26 милиони евра не се крај за него, цената на Елмас и натаму ќе расте.